Најдобриот стрелец во Евролигата замина „на печалба“ во Кина

Кошаркарите во изминатиот период од Европа заминуваат „на печалба“ во Кина, а еден од оние кои реши да ја напушти елитната кошарка е Кит Лангфорд.

Лангфорд беше најдобар стрелец во Евролигата за изминатата сезона, но кариерата ќе ја продолжи во редовите на Шензен Леопардс од Кина. 

Американецот минатите три сезони настапуваше за Уникс, а на 28 меча во просек постигна 21,75 поени по меч. За една сезона во ЦБА-лигата, Лангфорд ќе заработи 2,25 милиони долари.