МЗТ загуби кај Цибона, но Клоф и Дреновац добија место меѓу најдобрите

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје доживеа нов гостински пораз во АБА-лигата кај Цибона, а мала утеха е присуството на двајца кошаркари меѓу најдобрите на 17. коло

Меѓу најдобрите според индекс-поени доби Шарлон Клоф, кој заврши со вкупно 29 индекс-поени. Холандскиот репрезентативец блескаше во последниот период, но не успеа да му донесе прв позитивен резултат на МЗТ на гостински терен.

Најдобар кошаркар на 17. коло е Филип Човиќ од ФМП со 42 индекс-поени, а по него следат Жељко Шакиќ (Цибона), Октавиус Елис (Морнар) и Џамар Боатрајт (Цедевита).

Место меѓу најдобрите поентери доби Ѓорѓе Дреновац, кој со 27 поени е на делба на второто место со Џамар Боатрајт (Цедевита). Најдобар поентер е Филип Човиќ (ФМП) со вкупно 36 поени на дуелот против Игокеа. Шарлон Клоф од МЗТ доби место и меѓу најдобрите асистенти, со вкупно осум асистенции, кои го однесоа на четвртото место.