МЗТ Скопје подобар од Левски во контролен меч во Софија

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Софија го совлада тимот на Левски со 78-67 во вториот контролен натпревар во предсезоната.

Американецот Даниел Џенсен со 20 поени беше најефикасен, Ерик Гарсија додаде уште 14, а повратникот Јуре Лалиќ беше автор на 11 поени.

Утре металцие ќе одиграат уште еден меч во Софија, против бугарскиот шампион Лукоил Академик, а почетокот е закажан за во 18.00 часот.