МЗТ Скопје наместо со Крајова, ќе тестира со грчки Арис

Екипата на МЗТ Скопје ја започнува втората фаза на контролни сребри пред стартот на новата сезона, откако утринава кошаркарите и стручниот штаб отпатуваа за Софија, каде денес и утре ќе одиграат две пријателски средби.

„Сино-белите“ вечерва ќе ги одмерат силите со поранешниот ривал од АБА-лигата, екипата на Левски (19.00 часот). Утре, противник на четата предводена од тренерот Александар Тодоров ќе биде актуелниот бугарски шампион, Лукоил Академик (18.00 часот). Двата дуели ќе се одиграат во салата „Универзијада“ во престолнината на западниот сосед, а на нив ќе настапи и последното засилување, Јуре Лалиќ.

Од друга страна, пак, пресметките со Крајова кои беа закажани за в петок и в сабота нема да се одиграат односно се одложени во заеднички договор на двете екипи. Наместо тоа, МЗТ Скопје Аеродром закажа пресметка со грчки Арис, каде што тренер е легендарниот Панајотис Јанакис. Натпреварот ќе се одигра на 18 септември (в понеделник) во Солун.