Молк во Работнички, играчите пред заминување од клубот!?

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички одигра одлично во првиот дел од сезоната во Првата лига и со само еден пораз е лидер на табелата. Се чинеше во годината кога прославува 70 години од своето постоење кое беше зачинето со пријателскиот меч со Фенербахче, работите полека но сигурно се средуваат, но сетоа тоаа провидно.

Клубот од „Градски парк“ до сега веќе требаше да ги започне подготовките за продолжување на вториот дел од сезоната кој е најавен за само десетина дена, но за разлика од другите екипи во нашата Прва лига, избраниците на Докузовски не тренираат.

Раководството на клубот, како и стручниот штаб на клубот се недостапни за коментар и владее комплетен молк, а причините за тоа се финансиските проблеми за што јавно не сакаат да зборуваат и кошаркарите кои се надеваат дека ќе бидат исплатени.

Трпението кај кошаркарите веќе е при крај, а според неофицијалните информации тие веќе најавиле и заминување, ситуација што будно ја следата пред сè Куманово, Карпош Соколи како и Струмица кои се подготвени да ги ангажираат.