Младеновски по најдобриот меч за Македонија: Чекав на овој момент!

Љубомир Младеновски во победата над Косово го одигра најдобриот меч во дресот на Македонија. По средбата, тој изрази задвоолство од посакуваната победа и најави дека храбро ќе се игра и на наредниот меч, против Естонија.

„Се виде уште од старт дека влеговме мотивирано. Многу енергија покажавме, одевме не асе или ништо. Знаевме дека сме поквалитетни од противникот и дека може да ги добиеме со таа потребна кош-разлика од пет поени. Одигравме цврсто, сега не чека меч со Естонија. На претходниот меч погодија среќни шутеви. Мислам дека може да ги добиеме и на гостински терен. Го одиграв најдобриот меч во репрезентацијата, се чувствувам пресреќно. Драго ми е што добив шанса, чекав на овој момент“, изјави Младеновски.

Корпулентниот кошаркар мечот против Косовците го заврши со 12 поени.