Милутинов: Спанулис е страшен играч, има голема самодоверба!

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Грчки Олимпијакос по две години пауза повторно ќе игра финале од Евролигата, откако во полуфиналето во Истанбул по драматичен меч го совлада актуелниот европски првак ЦСКА Москва.

Солидна партија под обрачите во тимот од Пиреја пружи српскиот интернационалец Никола Милутинов, кој по мечот без размислување го посочи човекот на одлука, а тоа е Василис Спанулис.

„Овој тим на Олимпијакос на крај покажа дека има карактер, се боревме целиот меч, од првата до последната минута, дури и кога губевме со 10 разлика. На крај се покажа дека тоа се исплатеше. Спанулис е страшен играч, верува во себе, кога беше најтешко тој само покажа за каков играч се работи“, изјави Милутинов.

Српскиот интернационалец вечерва за 13 минути игра имаше ефект од 5 поени и 2 скока.