Марк Гасол: Оваа генерација е гладна за уште успеси!

Gol.mk на Евробаскет 2017 во Истанбул

Кошаркарската селекција на Шпанија неочекувано лесно успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскетот. „Црвената фурија“ во четвртфиналето славеше убедлива победа над Германија 84-72, а најдобар поединец во тимот беше ѕвездата на Мемфис Гризлис, Марк Гасол кој имаше скор од 28 поени и 10 асистенции. 

Помладиот брат Гасол по мечот вели дека тој и неговите соиграчи одиграа доста квалитетен меч, најмногу го радува тоа што во текот на целиот меч беа смирени и концентрирани. 

„Одигравме перфектна одбрана. Бевме смирени и концентрирани во текот на целиот меч, ја игравме нашата игра. Лошо го започнавме мечот, но во продолжение заигравме како што бевме договорени. Одлучувачка беше третата четвртина, кога направивме серија за високо водство кое на крај беше клучно за оваа победа. Оваа генерација е гладна за нови успеси“, изјави Марк. 

Во полуфиналето Шпанците ќе се судрат со Словенија, која синоќа во мечот за полуфинале ја совладаа селекцијата на Латвија.