ВИДЕО: Марк го надигра Пау Гасол, Мемфис првпат го порази Сан Антонио

Мемфис Гризлис не се предава и остана жив во серијата против Сан Антонио, откако го доби третиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со 105-94 и намали на 2-1 во серијата подобар од седум. Играта во одбрана беше клучен фактор за победата на домашната екипа, а по двете убедлив победи пред своите гледачи момците на Грег Попович немаа енергија и идеја за нов подвиг.  

Конли со 24 поени и 8 асистенции, и Марк Гасол и Рандолф кои постигнаа по 21 поен беа најдобри поединци на средбата. Каваи Леонард постигна 18 поени, а Ламаркус Олдриџ беше стрелец на 16 поени кај поразената екипа. Четвртиот меч, исто така во Мемфис, се игра во ноќта меѓу недела и понеделник по средноевропско време.

Милвоки го победи Торонто со 104-77 и поведе со 2-1 во серијата. Крис Мидлтон со 20 поени беше најдобар поединец кај домаќините, а кај гостите Кајл Лаури и Делон Рајт постигнаа по 13 поени.