ФОТО: Македонско девојче заигра и во Евролигата

Македонската кошарка за првпат доби женски претставник во најсилното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата. Јелена Антиќ е првата Македонка која заиграла во ова натпреварување, ако се изземе Криси Гивенс, која е натурализирана македонска кошаркарка и е родена во САД.

Антиќ ова лето ја промени средината и потпиша за полска Висла Кенпак Краков, а првиот настап го имаше против Екатеринбург. Полскиот тим на гостувањето загуби со 79-68, а Антиќ на паркетот мина 15 минути, но не успеа да постигне поени. Зад своето име таа запиша само три скока и две асистенции.

Во наредното коло Антиќ и Висла ќе бидат домаќини на екипата на Надежда, која исто така загуби во првото коло од Евролигата.