Магдевски го реши „својот“ Фени, Пелистер го доби трилерот со Шкупи

Екипата на Пелистер забележа трета победа во Првата лига, откако во возбудлив натпревар со 81-86 славеше над Шкупи.

Чаирчани имаа предност во првиот дел, меѓутоа со лошо второ полувреме запишаа нов овосезонски пораз. Битолчани до посакуваната победа дојдоа во неизвесна завршница, водени од Анакиевски, кој погоди четири слободни фрлања во низа и го реши мечот.

Токму Анакиевски со 30 поени беше најдобар кај Пелистер, а го следеше Луис со 17 поени, додека кај Шкупи, Џонатан Догбо даде 22 поени, а Ристов уфрли уште 16 поени.

Гостивар, пак, како домаќин убедливо го совлада Фени Индустри (92-59). Убедливата победа домашните ја најавија уште на стартот, поточно по првиот период кој го добија со 29-13, а во останатиот интервал од мечот разликата растеше од минута во минута.

Најефикасен кошаркар кај победникот беше Серагиќ со 26 поени, а новото засилување Магдевски против својот поранешен клуб даде 21 поен, додека кај гостите од Кавадарци, Петровски запиша 18 поени, а Марковски и Пајиќ уфрлија по девет. Дебитираше и новиот кошаркар Сапунџиев, со седум постигнати поени.