ВИДЕО: Лука Дончиќ во ТОП 5 на НБА-драфтот наредната година?

Додека во Европа кошаркарските вљубеници не претстануваат да зборуваат за младиот Лука Дончиќ и неговите спектакуларни потези, во САД веќе започнаа шпекулациите околу позициите на наредниот драфт.

За најталентираниот играч во Европа, „Sports illustrated“ предвидува дека сигурно ќе биде меѓу најдобрите пет кошаркари на драфтот наредната година.

„Можеби е и најкомплетниот европски играч во историјата на НБА-драфтот. Со 18 години веќе доминира во Евролигата, каде има просек од 21,1 поен, 6,6 скока и 4 асистенции по натпревар. Овој извонреден плејмејкер најверојатно е најспремниот во својата класа, на претстојниот драфт“, стои во образложениоте на „Sports Illustrated“.

Лука Дончиќ беше еден од најзаслужните за титулата на Евробасектот на Словенија, а оваа сезона е лидер на тимот на Реал Мадрид.