ВИДЕО: Луда женска тепачка на универзитетски кошаркарски натпревар во САД

Во натпревар од универзитетската кошаркарска лига на САД, женските тимови на УНЛВ и Јута предизвикаа општа тепачка, а главни актерки беа Кејти Пауел и Антониа Робинсон.

По еден дуел под кошот, двете кошаркарки започнаа тепачка, која делуваше дури и смешно и траеше скоро една минута, додека останатите кошаркарки не ги разделија. 

По овој бокс меч, осум кошаркарки, беа исклучени, по четири на двете страни.