ВИДЕО: „Леле, леле, што направивме!“ - Денот кога кошаркарите ја расплакаа Македонија од радост

Македонската кошарка пред точно шест години на Европското првенство (ЕП) кое се одржа во Литванија ја оствари најголемата победа во историјата и се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации на стариот континент.

Македонија во преполната „Жалгирис арена“ во Каунас со минимални 67-65 го совлада големиот фаворит Литванија, а херој беше Владо Илиевски кој со фантастична тројка на 10 секунди пред крајот го најави големиот триумф и историското славје за нашата кошарка. 

По мечот, Илиевски во неверување го извика легендарното „Леле, леле, што направивме“, а трибините кои беа обоени во зелено останаа во солзи. 

Дел од тимот на Докузовски кој го оствари најголемиот успех за македонската кошарка беа Димитар Мираковски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Бо Мекејлеб, Војдан и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Ивица Димчевски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.

На ЕП во Литванија, во полуфиналето нашите кошаркари загубија од Шпанија, додека во дуелот за бронзениот медал, несреќно загубија од Русија.

И шест години подоцна, видеата на кои македонските кошаркари „пукаат“ од радост го наежуваат и будат емоции кај секој Македонец. Којзнае кога пак вака ќе се радуваме...