ВИДЕО: Леброн и Кливленд со најголемиот плеј-оф пресврт славеа кај Индијана

Шампионот Кливленд поведе со 3-0 во серијата од првото коло на НБА плеј-офот со големата победа против Индијана во гости со 114-119. Леброн и другарите го направија најголемиот пресврт во историјата на НБА плеј-офот, откако се вратија од негатива од 26 поени за победа и „брејк“, кој веројатно ќе значи дефинитивна победа во серијата. 

Пол Џорџ одигра одушевувачка прва половина од натпреварот, пред Леброн да ги преземе работите во свои раце. „Кралот“ и Кливленд во последниот период ввлргоа со -7, но направија две големи серии и извојуваа победа. Леброн Џејмс со „трипл-дабл“ ефект од 41 поен, 13 скока и 12 асистенции уште еднаш беше најдобар поединец во натпреварот.

Леброн со овој учинок 41 поен изби на третото место на вечната листа на стрелци, а пред него се само Карим Абдул Џабар со 5.762 поени и Мајкл Џордан со 5.987 поени.

Четвртиот натпревар се игра в недела и победа на Кливленд ќе значи крај на серијата и пласман на првакот во полуфиналето.