Леброн Џејмс „виси“ за директниот дуел против Кајри Ирвинг на стартот од НБА сезоната

Леброн Џејмс

И покрај тоа што беше надвор од терените за поголемиот дел од предсезоната, Леброн Џејмс ја имаше првата минутажа против Чикаго Булс. Најдобриот кошаркар на Кливленд постигна 17 поени и пет скока во 30 одиграни минути.

Сепак, Леброн одново го повреди скочниот зглоб, што го става под знак прашалник за дебито во новата сезона од НБА лигата на домашен терен против Бостон Селтикс. Тој ќе паузира во следните неколку дена, а потоа тренерот Тајрон Лу ќе ја донесе конечната одлука дали „кралот“ ќе настапи на отворањето пред домашната публика.

Тоа ќе биде нова лоша вест за Квалирси, кои не успеаја да слават во ниту еден меч од предсезоната. Фановите исто така ќе бидат разочарани, бидејќи би можеле да го пропуштат првиот директен дуел на Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг, откако плејмејкерот одлучи да си замине од Охајо.