ВИДЕО: Леброн Џејмс е ЧУДОВИШТЕ - осми последователен натпревар во плеј-офот со +30 поени

Леброн Џејмс рекорд

Леброн Џејмс е лидерот на Кливленд во високата предност на второто гостување во Бостон во Источното конференциско финале.

„Кралот“ има неверојатна статистика зад своето име во овогодишниот плеј-оф, а таа ја потврди со вечерашното издание во „ТД Гарден арената“. Имено, Џејмс стигна до осмиот последователен натпревар на кој постигнал најмалку 30 поени.

Следен предизвик за него ќе биде достигнувањето на Мајкл Џордан, кој е лидер на вечната листа на поентери во историјата на плеј-офот во НБА лигата.