ЛА Лејкерс ќе го повлече дресот на Коби Брајант на 18 декември

Коби Брајант дрес

Според информации кои даѓаат од САД, екипата на ЛА Лејкерс го одредила датумот на кој што со свечена церемонија ќе го повлече дресот на еден од своите најдобри кошаркари во историјата, Коби Брајант.

Сепак, дилема останува околу бројот, кој што ќе биде повлечен, дали 8 или 24. Логично е тоа да биде втората опција. Церемонијата посветена на Брајант ќе се случи за време на мечот во „Стејплс центарот“ против актуелниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс.

Коби ја одигра цела своја кариера во дресот на „езерџиите“, а се повлече во сезоната 2015/16, постигнувајќи 60 коша во дуелот со Јута Џез.