Крис Пол ја прескокна цифрата од 8.000 асистенции

Крис Пол, плејмејкерот на Лос Анџелес Клиперс, синоќа одигра уште еден меч за паметење, откако со 19 поени и 18 асистенции беше прва алка на тимот во победата над Мајами Хит. 

Еден од најдобрите организатори на играта во последниот период не само што даде голем придонес за новата победа на тимот (98-86), туку стигна и до бројката од неверојатни 8.000 асистенции во својата кариера. 

Сега, Пол со вкупно 8.012 успешни додавања се наоѓа на десеттото место на вечната листа на најдобри асистенти во НБА лигата. На првото место со 15.806 асистенции е легендарниот Џон Стоктон, а зад него се Џејсон Кит со 12.091 и Стив Неш со 10.335 асистенции.