ВИДЕО: Костоски со пет тројки го „сруши“ Косово – најдобра е последната!

Конечно радост за македонската кошарка. Радост и надеж дека кризата е помината и дека не се загубени сите опции за пласман во квалификациите за Светското првенство во Кина. Победата вечерва во Скопје против Косово е извојувана во вториот дел и тоа благодарение на тројките.

Најдобар тројкаш во нашата репрезентација беше Александар Костоски кој погоди пет тројки од осум обиди. Последната петта тројка дефинитивно беше најтешка и најатрактивна.

Нека ја задржи оваа форма нашиот плејмејкер и в среда, кога во Естонија нашиот национален тим мора да триумфира за сам да си избори пласман во квалификациите, без да треба да се надеваме на туѓи победи.

А еве ги и преостанатите тројки на Костоски против Косово: