Костоски со нов одличен ефект, но прв пораз во дресот на Питешти

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Александар Костоски со тимот на Питешти новата година ја отвори со пораз, што беше воедно и прв загубен натпревар за нашиот интернационалец во новиот клуб.

Вечерва пред своја публика Питешти немаше сили за изненадување против актуелниот лидер на табелата Клуж, кој славеше со резултат од 82-88.

Костоски повторно одигра одличен натпревар и со ефект од 21 поен (5/7 за тројка, 3/5 за два поени) и 4 асистенции беше најефикасен и најпозитивен во тимот на Питешти.