Кога суперѕвездата ќе се налути: Дерик Роуз го бојкотираше мечот против Њу Орлеанс

Дерик Роуз

Многу фанови во „Медисон Сквер Гарден“ очекуваа дека Дерик Роуз ќе ја предводи екипата на вчерашниот натпревар против Њу Орлеанс. Но, суперѕвездата на Никси одлучи да го бојкотира мечот од засега непознати причини.

„Тој е во ред. Не е повреден и неговото отсуство не е поради здравствени проблеми. Многу ми е тешко што не е тука, но Брендон Џенингс ќе биде неговата замена на денешниот натпревар. Не би сакал премногу да зборувам за тоа, бидејќи не знам се уште што е вистинската причина за ситуацијата“ , изјави Јоаким Ноа, негов соиграч во Њујорк.

Американските медиуми шпекулираат дека Роуз е лут на својот тренер, Џеф Хорнацек. Никси запишаа нов пораз на домашен терен (96-110), а плејмејкерот од Чикаго се јави непосредно пред натпреварот и најави дека има домашни проблеми, кои мора да ги среди, па нема да учествува на мечот.