ВИДЕО: Кога си Кајри Ирвинг и правиш кошарката да изгледа најлесна работа на светот

Кајри Ирвинг

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Кајри Ирвинг, ова лето доби критики бидејќи одлучи да го напушти Кливленд и Леброн Џејмс за да му се приклучи на лутиот ривал од Источната конференција, Бостон Селтикс.

Во потрага по нов предизвик во својата кариера, 25-годишниот Кајри реши да го облече зелениот дрес во кој веќе започна да одушевува со своите добро познати квалитети. Селтикси немаат пораз во предсезонските натпревари (4-0), а вчера победија на гостувањето кај Шарлот Хорнетс со 100-108.

Потегот на вечерта му припадна токму на Ирвинг, кој во свој препознатлив стил ја проби противничката одбрана и направи кошарката да изгледа најлесната работа на светот.