ВИДЕО: Кливленд надополни -23 против Њујорк, Голден Стејт продолжува да „гази“

Ноќва се одиграа нови девет натпревари во НБА лигата, а поуспешни беа домаќините со пет триумфи. Кошаркарите на Кливленд Кавалирс врзаа две победи по ред, откако на гостински терен го совладаа Њујорк Никс со 101-104. Никси имаа и позитива од +23, но во последната четвртина Кливленд, носен од Леброн, успеа да направи целосен пресврт и да слави победа. Најефикасен во победничниот тим беше Леброн Џејмс со 23 поени, а кај Њујорк, Хардавеј постигна 28 поени.

Шампионот Голден Стејт ја забележа и седмата победа во низа, а нивна најнова жртва беше Орландо, кого го совладаа со 110-100. Најзаслужни за новата победа на „воините“ беа Дурант со 21 и Грин со 20 поени. Во тимот на Орландо, Никола Вучичевиќ запиша 20 поени.

Кошаркарите на ЛА Клиперс продолжуваат со негативната серија, која сега изнезува шест порази по ред, а синоќа на домашен терен беа совладани во тесна завршница од Филаделфија со 105-109. Најефикасни во победничкиот тим на Филаделфија беа Ембид со 32 поени и Ковингтон со 31 поен. Во тимот на Клиперси повторно лидер беше Вилијамс со 31 поен, а Грифин додаде 29.

Милвоки Бакс предводен од Антетокумпо славеше победа против Мемфис Гризлис со 110-103. Лидер во Бакси беше грчкиот „ѕвер“, кој натпреварот го заврши со 27 поени, а кај тимот на Мемфис, Еванс запиша 27 коша.

Во останатите натпревари, Вашинготн го совлада Сакраменто со 110-102, Њу Орлеанс славеше минимална победа од 106-105 против Атланта, ЛА Лејкерс извојува гостинска победа против Феникс Санс со 93-100, Јута Џез е поразена на домашен терен од Минесота со 98-109, а Портланд го победи Денвер со 99-82