ВИДЕО: Кливленд ја направи најголемата разлика на полувреме (+41) во историјата на НБА плеј-офот

Џеј Ар Смит

Бранителот на титулата во НБА лигата, Кливленд игра како во транс и со неверојатни 72-31 замина на полувреме во вториот меч од серијата против Бостон во „ТД Гарден арената“.

Леброн Џејмс ги предводи своите соиграчи во уште една победа на гостински терен, 13. по ред во плеј-офот, доколку се сметаат последните три од минатогодишното финале против Голден Стејт.

Предноста на паузата на вечерашниот меч изнесува 41 поен, што е рекорд кога се работи за позитива на полувреме на еден натпревар во историјата на НБА плеј-офот.

Истата во последните моменти од првиот дел ја донесе Џеј-Ар Смит, кој со циркузантски шут погоди за 72-31 и голема радост на клупата за резерви на Кавалирси.

Најнови вести од
НБА, САД