Кливленд изброи до 13 победи во низа, Дурант го носеше Голден Стејт кон лесен триумф над Шарлот

Кливленд

Продолжува одличната сезона на Леброн Џејмс, кој во вчерашната победа над Сакраменто (101-95) постигна 32 поени, 11 скока и 9 асистенции. Тоа беше 13. победа во низа за вицешампионот од минатата година, кој сега има скор од 18 победи и 7 порази.

Солиден беше и Кевин Лав со 18 поени и 13 скока, а од клупата придонесе и Џеф Грин со 17 поени. По повредата на Стеф Кари, екипата на Голден Стејт доби нов лидер во Кевин Дурант. МВП играчот на минатогодишното финале постигна 35 поени, 11 скока и 10 асистенции и го запиша првиот „трипл-дабл“ во сеzоната во победата над Шарлот (87-101).

Комбинираниот состав на Стив Кер стигна до 20 победи и ја потврди лидерската позиција на Западната конференција. Првопласираната екипа на Истокот, Бостон Селтикс триумфираше на гости кај Далас (90-97) за 22. сезонска победа.

Одново најефикасен кај тимот на Бред Стивенс беше Кајри Ирвинг со 23 поени, а доби помош од Ал Хорфорд и Џејсон Татум, кои постигнаа по 17 поени.

Во останатите натпревари, Њујорк славеше против Мемфис, Милвоки го победи Детроит, Орландо ја надигра Атланта, а Сан Антонио лесно го совлада Мајами.