Кадетите убедливо поразени од Велика Британија на ЕП во Софија

Македонската кадетска репрезентација забележаа втор пораз во рамките на групната фаза на Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одигрува во Софија, Бугарија.

Во третиот одигран натпревар (досега имаме една победа и еден пораз) кадетите загубија од врсниците од Велика Британија со 94-54 (21-9, 26-13, 22-16, 25-14)

Во македонскиот табор најефикасни беа Исајлоски со 12 и Наумоски со 11 поени.