Јунакот Спанулис: Три четвртини перфектно ме чуваа, но имав сили за финишот

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Едноставно некои натпревари се повторуваат и некои актери се родени да бидат јунаци. Василис Спанулис постигна 14 поени, постигна три тројки и имаше еден вонсериски влез и од загубен натпревар, на Олимпијакос му донесе победа над ЦСКА со 78-82 и пласман во уште едно финале. 

„Кошаркарите на ЦСКА Москва одлично ме чуваа три четвртини, но имав сила во последната да се наметнам. Тоа ми е работа, да тренирам напорно, да им помагам на моите клупски другари и со помош на Бога еве сме во уште едно финале. Се издигнавме и победивме тим како ЦСКА, актуелен европски првак и екипа која има фантастични кошаркари“, заклучи јунакот на натпреварот.

Спанулис најнапред со Панатинаикос, а сега и со Олимпијакос испишува историја и во недела ќе тргне по својата четврта евролигашка титула.