ВИДЕО: Харден со нов „трипл-дабл“ донесе триумф на Хјустон над Торонто

Кошаркарите на Хјустон Рокетс на крилата на Џејмс Харден стигнаа до победа над Торонто со 129-122. Харден со „трипл-дабл“ ефект од 40 поени, 11 скокови и 10 асистенции повторно беше најдобар поединец на натпреварот. Харел со 28 поени, Гордон со 19 и Ариза со 17 поени му помогнаа да ја оствари целта и стигне до нова победа. 

Шампионот Кливленд го совлада Феникс со 120-116, а Леброн Џејмс, Ирвинг и Лав постигнаа вкупно 80 поени.

Голден стејт забележа победа на гостувањето кај Сакраменто со 106-117. Стеф Кари со 30 поени беше прво име на средбата, Дурент постигна 28, а Томпсон мечот го заврши со 18 поени.

Портланд и Детроит одиграа вистинска драма, во која Пистонски славеа со 124-125. Реџи Џексон со 31 поен и Андре Друмонд со 28 поени и 14 скокови беа најефикасни актери во натпреварот.