Ханга и Ларкин ја одбија Барса и ќе останат во Басконија

Барселона прави комплетна рекострукција на својата кошаркарска секција и со ангажманот на Сито Алонсо на местото на Барцокас, во новата сезона ќе има нов тим. Кошаркарите на Басконија, Адам Ханга и Шејн Ларкин ќе останат во Басконија, откако клубот им ги понуди истите договори како и Барса и кошаркарите позитивно одговорија на баскискиот клуб.

Барса претходно потпиша договори со неколку нови имиња, а најзвучно е Французинот Томас Ертел од Анадолу Ефес. Без Ханга и Ларкин бордот на директори на двократниот европски првак ќе мора да побара нови звучни засилувања. 

Претходно секцијата за кошарка на големата Барселона потпиша со Адриан Моерман и Пјер Ориола, а го раскина договорот со Тајрис Рајс.