Густафсон ги „маѓепса“ Швеѓаните, изненадувањето на стартот го приреди Исланд 

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Премиерата на Европското првенство во ракомет, донесе големо изненадување во „Спаладиум арената“ во Сплит, откако Исланд ја победи фаворизираната Шведска со 24-26 (8-15) во првиот натпревар од првото коло во А групата. 

Исландските ракометари започнаа фантастично и брзо се одлепија на 1-5. Следеше нов бран на Палмарсон и другарите и при 2-8 шведскиот стручен штаб побара минута одмор. Но, „трите-круни“ и со смена на ракометарите и со новата одбрана не реагираа и на полувреме Исланд замина со предност од 8-15.

Густафсон со серија на одбрани на почетокот на второто полувреме, ги одби нападите на „жолто-сините“ и Исланд дојде до огромни +9 во 38. минута. Јакобсон и Готфридсен со серија на голови ја вратија Шведска во натпреварот и во 45. минута намалија на 17-22. Иако не постигнаа гол осум минути, Исланѓаните го имаа одличниот Густафсон, кој го чуваше водството. Без треперење Исланѓаните го приведоа натпреварот кон крај за финална победа од 24-26.  

Голманот Густафсон со 14 одбрани беше прво име на средбата, признанието за најкорисен играч му припадна на Гудмундсон, кој запиша сеудм гола, а ветеранот Сигурдсон крај своето име запиша пет гола. Готфридсон со шест гола беше единствена светла точка на Швеѓаните. Натпреварот одлично го водеше македонскиот судиски пар Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Во вториот натпревар од сплитската група, вечерва се среќаваат Хрватска и Србија.