Грејнџер од Анадолу Ефес е замената за повредениот Љуљ во Реал Мадрид

Шпанскиот вицешампион. Реал Мадрид веднаш се фати за работа по сериозната повреда на Серхио Љуљ на пријателскиот натпревар со Белгија. Љуљ ќе мора да паузира најмалку 6-7 месеци и се очекува да се врати дури во вториот дел од следната клупска сезона.

27-годишниот ас на Анадолу Ефес, Џејсон Грејнџер деновиве ќе пристигне во Мадрид и откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе го облече дресот на „кралскиот клуб“. Грејнџер во Ендеса лигата го носел дресот на Уникаха и Естудијантес.

Се работи за поинаков профил на кошаркар и заедно со Ертел (потпиша за Барселона) движечка сила на Анадолу Ефес минатата сезона.