Глобтротерот Обрадовиќ го брка своето 11. финале на Евролигата

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Сите погледи овој викенд се насочени кон Жељко Обрадовиќ и неговиот поход по деветтата титула во најсилниот европски куп. Србинот на клупата на Фенер ќе се обиде да придодаде европска круна со уште една екипа, откако стана европски првак со Партизан, Хувентуд, Бенетон, Панатинаикос, Реал Мадрид. 

Нашиот Перо Антиќ втора година по ред е на чекор до финалето на Евролигата, откако минатата со Фенер успеа да ја прескокне полуфиналната пречка, Басконија на Велибро Перасовиќ.

Тренери со најмногу финалиња во Евролигата:

1. Жељко Обрадовиќ - 10

2. Еторе Месина - 9

3. Педро Ферандиз - 7

4. Алекснадар Гомељски - 6

5. Лоло Саинц - 5

6. Божидар Маљковиќ - 5

7. Пини Гершон - 5