Фени Индустри потпиша со Сапунџиев

Екипата на Фени Индустри донесе нов македонски кошаркар во своите редови и постигна договор со Иван Сапунџиев.

Кошаркарот кој има 22 години доаѓа како слободен, а последните настапи ги имаше во дресот на екипата на Карпош Соколи, која доживеа тотален распад и во наредниот период ќе се потпира на кошаркари од младинскиот тим.

Младиот македонски кошаркар во Фени Индустри ќе настапува до крајот на сезоната. За него ова ќе биде втор клуб во професионалната кариера, по Карпош Соколи.