Дуда Ивковиќ се враќа како советник во Борац Чачак

Славниот кошаркарски стратег Душан Дуда Ивковиќ се чини не може без кошарката, па по мала пауза по завршување на ангажманот во Анадолу Ефес си пронајде нова работа. Тој ќе биде советник на српскиот прволигаш Борац од Чачак, информација што ја потврди градоначалникот на оваа општина Милун Тодоровиќ.

„Тоа ќе биде еден привремен ангажман, Дуда е подготвен да излезе во пресрет и да помогне со своите совети на нашиот клуб, кој сакаме да го вратиме на патеките на старата слава“, изјави Тодоровиќ.

Борац за што подобри резултати во вториот дел од сезоната, пред неколку дена го ангажираше и поранешниот репрезентативец на Србија, Марко Мариновиќ.