Драгиќ капитенски: Одиме прво на по некое пиво, па во нова „војна“ со Шпанија!

Gol.mk на Евробаскет 2017 во Истанбул

Капитенот на Словенија, Горан Драгиќ, одигра нова феноменална партија во словенечкиот дрес и го водеше тимот до голем триумф над Летонија (103-97) и пласман во полуфиналето на Евробаскетот.

Кошаркарот кој настапува за Мајами во НБА-лигата зад своето име запиша 26 поени и беше втор најдобар стрелец, по Лука Дончиќ, кој заврши со 27 поени.

„Премногу сум задоволен како одиграа момците против Летонија. Сега ни е потребно пиво, малку да се одмориме, па одиме во нова „војна“ со Шпанците. Тие се фаворити, но ние играме без притисок и ќе се трудиме да ги покажеме нашите квалитети. Вторпат во историјата сме во полуфинале. Никогаш досега не сме земале медал. Ако Бог сака - сега е вистинско време“, изјави Драгиќ.

Шпанија до полуфиналето дојде преку Германија, која во првиот четвртфинален меч ја совлада со 84-72.