„Дончиќ уште гледа цртани, но на терен, детето е феноменално!“

Gol.mk на Евробаскет 2017 во Истанбул

Словенија е хит на Европското првенство во кошарка, а кошаркарот кој е во фокусот на вниманието е 18-годишниот Лука Дончиќ, кој даде 27 поени во триумфот над Летонија и пласманот во полуфиналето.

Дончиќ од меч во меч игра се подобро, а пофалби доби и од капитенот на Словенија, Горан Драгиќ. Тој кажа дека младиот Дончиќ уште е дете и гледа цртани, но на терен е - феноменален.

„Тој е најдобриот играч во својата генерација. Па дури и во изборот од 18 до 25 години. Има само 18 години, а игра со голема самодоверба. Дончиќ е дијамант на европската кошарка. Среќни сме што го имаме. Немојте да ме сфатите погрешно, тој е уште дете и гледа цртани филмови. Но, кога ќе излезе на терен детето е неваројатно“, изјави Драгиќ по мечот со Летонија.

Словенците, кои се уште немаат пораз на ЕП, во полуфиналето ќе се соочат со Шпанија која во нокаут-фазата ја елиминира Германија.