Добри вести за Фени: Магдевски се враќа за Кожув

Екипата на Фени Индустри доби добри вести пред натпреварот со Кожув, затоа што во стројот ќе го има Андреј Магдевски.

Кавадарчани веќе шест суперлигашки меча не знаат за победа, а дополнителен „пех“ на сите проблеми се повредите кои го зафатија тимот во изминатиот период. 

На последниот меч тимот остана без Чешковиќ кој доживеа тешка повреда и за него сезоната е завршена, но добри вести за Малинков е информацијата дека младиот Магдевски ќе биде во стројот за наредниот суперлигашки меч против Кожув.

Фени Индустри е на последното место на табелата во Суперлигата со скор 1-6,  а враќањето на Магдевски ќе биде од голема корист, како плус во ротацијата на тимот. Натпреварот меѓу Фени Индустри и Кожув се игра в сабота од 18.00 часот.