Дино Менегин недостижен на врвот на вечната листа на Евролигата

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

На вечната листа на победници за време на играчката кариера недостижен е Дино Менегин со седум европски титули, од кои пет со Варезе и две со Милано. Зад него се Клифорд Луajк, кој со Реал Мадрид освои пет, исто колку и Алдо Осола со Варезе и Фрагискос Алвертис со Панатинаикос.

По четири европски титули имаат Брабендер, Кристобал, Родригез, Емилијано Родригез, Лоло Саинц, Карлос Севиљано и Марино Заната и Шарунас Јасикевичиус. 

Шпанија со 32 учества е земјата со најчесто место на Ф4, следена е од Грција која има 27 и Италија со 18 учества откако се користи овој нов формат на Евролигата.