ВИДЕО: Дебакл на Леброн и Кливленд, Торонто со 34 поени разлика го уништи вицешампионот!

Екипата на Кливленд Кавалирс ноќва го забележа можеби најтешкиот пораз оваа сезона, откако на гости загуби од Торонто со убедливи 34 поени разлика (133-99). Со оваа победа Репторси уште еднаш докажуваат дека имаат квалитет за високи дострели и второто место во Источната конференција не е случајност.  

Клучна четвртина беше втората, во која домаќините одиграа атомска кошарка. Ван Влит и Милс беа незапирливи, додека нападот на Кливленд беше очаен, па на полувреме се замина со висока предност на Репторси од 25 поени. Во останатите две вицешампионот како да се помири со овој тежок пораз и Торонто само го зголемуваше своето водство, кое на крај застана на +34 (133-99).

Ван Влит со 22 и Милс и Сиакам со по 16 поени беа најпрецизни во редовите на победничката екипа, додека кај Кливленд се истакна Леброн Џејмс со 26 поени. 

Ноќва се одиграа уште два натпревари од НБА програмата на кои сигурна победа славеше Лос Анџелес Клиперс над Сакраменто Кингс, додека Лејкерси направија изненадуваше и го „треснаа“ големиот фаворит Сан Антонио. 

Најнови вести од
НБА, САД