ВИДЕО: ЦСКА Москва на еден чекор до Ф4 во Истанбул, по вторпат совладана Басконија

Актуелниот европски првак ЦСКА Москва по вторпат во четвртфиналето од Евролигата славеше над Басконија, вечерва пак во Москва со резултат од 84-82 , со што стигна на еден победа до пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Истанбул.

Шпанскиот состав пружи силен отпор на фаворизираните домаќини во првото полувреме, кое заврши со предност од 5 поени (40-35) во полза на избраниците на Димитрис Итудис. ЦСКА Москва во третата четвртина одигра многу подобро од првото полувреме, па направи двоцифрена предност од +11 (69-58), со која замина во пресрет на завршните десет минути. Во последниот квартал Басконија опасно се доближи и израмни во финишот (82-82, но на крај ЦСКА Москва со поените од слободни на Хајнц славеше со конечен резултат од 84-82.

Милош Теодосиќ со 16 поени, на кои придодаде и 8 асистенции, беше прво име во победничкиот состав, додека Де Коло придодаде 10 поени колку што имаше и Хајнц. Во екипата на Басконија најефикасен со 21 поени Родриг Бобуа. Серијата сега се сели во Виторија, а третиот натпревар на програмата е идниот вторник.