Чочороски: Со овој ростер на играчи не можевме повеќе

Единствениот македонски претставник во Втората АБА лига, АВ Охрид, синоќа забележа уште еден пораз во премиерната сезона на ова натпреварување. 

Избраниците на Петар Чочоровски со убедливи 92-73 беа поразени на гостувањето кај Сплит, со што охриѓани останаа на последното место со осум порази од исто толку натпревари. 

„Сплит беше поквалитетен тим и заслужено славеше. Останавме без тројца играчи и со ваков ростер не можам да им замерам на играчите. Одиграа добро. Рак-рана е нашиот шут за три поени, имавме 2 од 13. Тоа постојано ни се случува и тука треба да бараме решение, по мечот изјави Чочороски. 

Следен противник на „галебите“ во Втората АБА лига е тимот на Босна Ројал, а претходно имаат обврски во домашното првенство, каде ќе се сретнат со лидерот Работнички.