Чoчороски само без Димковски ги започна подготовките за пролетната сезона на Охрид

Кошаркарскиот клуб, АВ Охрид, вчера ги запали „моторите“ и ги започна подготовките за продолжението од сезоната во Првата кошаркарска лига. 

На првиот собир тренерот на „галебите“ Петар Чочороски на располагање ги имаше сите кошаркари, освен Дарко Димковски, кој пред извесен период спогодбено го раскина договорот со клубот. 

„Базични подготовки имавме пред почетокот на сезоната, а сега само ќе го кренеме темпото, затоа што толку имаме време. Поларните температури под нулата не`не плашат и ќе тренираме во полн елан во позитивна атмосфера“, рече Чочороски по вчерашниот прв тренинг. 

АВ Охрид својот прв натпревар во новата година ќе го имаат на 21 јануари, кога на домашен терен ќе го пречека тимот на Фени Индустри.