Ц. Звезда се спаси од прв сезонски пораз во АБА - по продолжение совладана Мега Лекс

Во последниот натпревар од 17. коло во АБА лигата, актуелниот лидер на табелата Црвена Звезда потешко од сите очекувања стигна до победа на гостински терен кај Мега Лекс дури по продолженија со конечен резултат од 69-81.

„Црвено-белите“ безмалку цел натпревар имаа контрола на резултатот, за да младата екипа на Мега Лекс во последните секунди од регуларниот дел од играта израмни на 67-67. Сепак избраниците на Радоњиќ одиграа одлично во последните пет минути, дозволувајќи му на противникот да даде само два поени, па така на крајот славеа со конечен резултат од 69-81.

Огнен Кузмиќ со 16 поени беше прво име во составот на Црвена Звезда, во чии редови „дабл-дабл“ ефект од 10 поени и 11 асистенции имаше Стефан Јовиќ. Во поразениот тим, Јарамаз постигна 15 поени, додека еден помалку, 14 даде Мушиди.