ВИДЕО: Ц. Звезда без Антиќ немоќна против Ефес, Реал го уништи Химки во Русија

Кошаркарите на Црвена Звезда во рамките на 17. коло во Евролигата се поразени на гостувањето во Турција од Анадолу Ефес со 104-95. За тимот на тренерот Алимпијевиќ денес поради повреда не настапи нашиот Перо Антиќ.

Стартот на натпреварот беше целосно изедначен, двете екипи се менуваа во предност, за да на првата пауза со минимална предност да заминат домаќините (22-21). Во продолжение Турците предводени од Дастон и Драгиќ направија прва посериозна разлика и поведоа со +13 (45-32), но од тој момент „црвено-белите“ ги консолидираа своите редови и до полувреме спуштија на негатива од само -4 (50-46).

По одморот, избраниците на Алимпијевиќ подобро отворија и стигнаа до негатива од само -2 (71-69), но домаќините со две тројки на Даглас и Симон се одлепија на комотни 77-71. Во последната четвртина Ефес рутински ја одржуваше предноста за конечна победа од 104-95. Најефикасен во победничкиот тим беше Зоран Драгиќ со 22 поени, додека кај Црвена Звезда постигна 13 поени.

Кошаркарите на Реал Мадрид продолжуваат со победоносната серија во Евролигата, откако за шеста победа по ред го совладаа Химки на гостински терен, со убедливи 78-95. Избраниците на Пабло Ласо од самиот старт направија разлика, која успешно ја одржуваа и константно ја зголемуваа за конечна победа од 78-95. Дури пет кошаркари во „кралскиот клуб“ беа двоцифрени, а најефикасен беше Руди Фернандез со 16 поени. Во поразениот Химки единствена светла точка беше Алексеј Швед со 23 поени.