Блокотехна се издигна на крајот и се врати од Бугарија со нова БИБЛ-победа

Блокотехна

Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Блокотехна со победа си замина од гостувањето во Бугарија кај Академик Пловдив (82-86).

Кошаркарите на Марјан Илиевски одиграа одлични први десет минути, но предноста од +7 ја загубија со очајната игра во одбрана во вториот дел. Домаќинот возврати и го доби вториот квартал со 26-11 и замина на полувреме со предност од 45-37.

Неизвесност и нов пресврт се случи во продолжението, кога македонскиот тим направи нова серија и ја врати предноста кај себе, играјќи одлично во нападот и одбраната, па резултатот гласеше 61-62 по 30 одиграни минути.

Следуваше нов пад кај Блокотехна во завршницата, што беше причина за нов пресврт. Но, Младеновиќ и Бенџамин погодија слободни фрлања во последните секунди за конечна победа од 82-86.

Бенџамин беше вистински лидер кај македонскиот прволигаш со 31 поен, а доби помош од Мијатовиќ, кој го заврши мечот со 22 поени.