ВИДЕО: Батлер со звукот на сирената го совлада Бостон

Со поените на Џими Батлер во последната секунда Чикаго стигна до знајачна победа против Бостон со 104-103 со поените од слободни фрлања на Џими Батлер во последната секунда. Батлер запиша 29 поени исто колку Ајзеа Томас на спротивната страна. 

Вашингтон ја победи Индијана во гости со 98-111, а сите кошаркари од првата петорка на „волшебниците“ имаа двоцифрен ефект. Портер даде 25 поени, Морис беше стрелец на 21 поен, Џон Вол натореварот го заврши со 20 поени и 12 асистенции. Кај домаќините Тарнер запиша 17 поени и беше најпозитивен кошаркар.