ВИДЕО: Басконија го декласира Олимпијакос, Жалгирис запиша нова победа

Кошаркарите на Басконија на домашен терен славеа убедлива победа против Олимпијакос од 86-54, во рамките на 17. коло на Евролигата.

Олимпијакос во поголемиот дел од првото полувреме беше во блага предност, но во продолжение на натпреварот на паркетот загосподарија домашните кошаркари. Баскијците убедливата победа ја остварија благодарение на третата четвртина, која избраниците на Мартинез ја добија со 36-14 и во продолжение со рутинска игра остварија триумф.

Предводник до високата победа беше Воигтман со 19 поени, а Пурија и Бобуа запишаа по 13 поени. Во тимот на Олимпијакос, Принтезис беше најдобар стрелец со 13 поени.

Кошаркарите на Жалгирис на домашен терен во тесен и неизвесен натпревар славеа победа против Уникаха со 79-77. Најефикасен во домашниот тим беше Пангос со 16 поени, а кај гостите, Вашчински постигна 14 поени.