ВИДЕО: „Азурите" од фудбалери станаа ракометари, Швеѓаните бесни на судијата Лахос

Во реванш натпреварот од бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Русија, меѓу Италија и Шведска по првото полувреме резултатот е 0-0. Но, првиот дел ќе остане запаметен по полемичните ситуации во двата шеснаесетника, по кои Шпанецот Лахос иозволуваше играта да продолжи.

Првиот спорен момент се случи во шеснаесетникот на Шведска, кога Италијанците бараа пенал по прекршокот врз Пароло, но Лахос досуди само жолт картон за Кјелини.

Потоа Дармијан играше со рака во својот шеснаесетник, а до крајот на првиот дел и Барзаљи го погоди топката во раката, но и при тој момент, Шпанецот само одмавна со раката, по што наиде на големи протести од Швеѓаните.