Антиќ за Gol.mk: Имам европски титули за Лука и Павел, ред е да освојам за малиот Петар

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Иако не настапи ниту минута, Перо Антиќ го обезбеди своето четврто европско финале и стана првиот македонски спортист кој четири пати играл финале на најсилниот европски Куп. По победата на Фенербахче над Реал Мадрид, македонскиот интернационалец во прегратките на осумгодишниот син Лука за Gol.mk изјави:

„Имам две европски титули за двата сина, Лука и Павел, сега треба да освојам и трета за малиот Петар. Време е за сефте за турската кошарка, никогаш немала европски првак, нека се смени историјата в недела“.

Перо само еднаш загубил финале, и тоа минатата година во Берлин, а двете титули шампион на стариот континент ги освои во дресот на Олимпијакос и тоа во Лондон и тука во Истанбул.